Универзитетот „Скопје“: Создаваме квалитетен кадар кој ќе придонесе Македонија да стане подобро место за живеење

Универзитетот „Скопје“: Создаваме квалитетен кадар кој ќе придонесе Македонија да стане подобро место за живеење

Да се студира  на еден од најпрестижните универзитети во земјава е привилегија. Затоа од година во година се зголемува бројот на студенти кои одлучуваат своето образование да го продолжат на Универзитетот „Скопје“. Причините зошто да се донесе одлука да се студира токму на овој Универзитет се многубројни.  Меѓународно призната диплома, предавања согласно највисоки европски стандарди,  дигиталната технологија во процесот на учење, соработка со бизнис-секторот за стекнување стручна подготовка, професионален академски кадар, современи услови за студирање, ова се само дел од придобивките за студентите кои студираат на Универзитетот „Скопје“. 

Студентите кои студираат или кои веќе го завршиле своето образование на Универзитетот „Скопје“ се децидни дека постојат многубројни причини поради кои го избрале токму овој Универзитет. Тие, како позитивен пример ја наведуваат  методологијата на студирање базирана на кредит-трансфер системот, која овозможува меѓународно етаблирање и учество во програмата Еразмус плус. 

Според студентите, Универзитетот „Скопје“  ги следи и ги применува највисоките стандарди за студирање и обезбедува најсовремени услови, софистицирана дигитална поддршка, како и достапност до информации и услуги кои им се потребни на студентите. 

Според нив, методологијата на студирање што се применува на Универзитетот и квалитетниот наставен  кадар се клучните елементи што му даваат предност пред другите универзитети, како и секојдневната комуникација со професорите и со асистентите. 

Студентите се задоволни и од наставниот кадар, кој за време на предавањата, покрај презентирање информации за научната теорија од соодветната област, нудат и апликативни примери, а покрај редовните професори, има и предавања од експерти од најразлични стручни области.

Но, со цел идните студенти детално и на самото место да се запознаат со бенефитите кои ги нуди Универзитетот, тим од професори и асистенти во текот на целата година реализираат промотивни активности во средните училишта низ земјава за да се информираат сите средношколци кои се предностите за студирање на Универзитетот „Скопје“. 

Од Универзитетот велат дека интересот на средношколците за упис на некои  од факултетите е огромен, затоа што  идните генерации имаат визија за својата иднина и точно знаат како и каде да го препознаат квалитетното студирање.

Доц. д-р Викторија Трајков во интеракција со матурантите од Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп

Доц. д-р Викторија Трајков во интеракција со матурантите од Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп

„Во принцип, идните генерации на оваа држава точно знаат што сакаат, имаат визија за својата иднина и знаат добро да се насочат без многу сугестии од страна. Секој од нив е заинтересиран за квалитетно високо образование, за меѓународно призната  диплома,  но и за практична работа, а не само теорија.  На Универзитетот „Скопје“, ние  го нудиме токму тоа: висококвалитетна настава, меѓународно призната диплома, платена практична работа, и одлични услови за студирање и доста научно-наставни практикуми надвор од нашата земја“, вели доц. д-р Викторија Трајков.

Во речиси сите средни училишта досега се реализирани кампањи, како дел од Караванот за промоција на условите за студирање, со цел  средношколците  одблизу да се запознаат со условите кои ги нуди Универзитетот, како  и да добијат одговори на сите дилеми кои ги имаат околу студирањето. 

„Ги посетивме речиси сите средни училишта во државата. Од север до југ и од запад до исток на нашата татковина. Одлично  искуство и прекрасни идни генерации кои носат нова надеж за оваа земја“, објаснува доц. д-р Ангела Миленковска-Климоска.

Ги прашавме: зошто да се избере токму Универзитетот „Скопје“? – Ни одговорија: затоа што се вбројува во друштво на најпознатите европски универзитети. 

М-р Љупчо Миленковски и доц. д-р Ангела Миленковска-Климоска ја објаснуваат методологијата на Универзитетот Скопје во АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје.

М-р Љупчо Миленковски и доц. д-р Ангела Миленковска-Климоска ја објаснуваат методологијата на Универзитетот Скопје во АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје.

„Универзитетот Скопје  е високо образовна институција каде што можете да студирате по светски стандарди, Универзитетот Скопје е наградуван со сертификати за лидерство во високото образование, Универзитетот Скопје поседува диплома за квалитет каква што е TedQual, доделена од Светската туристичка организација. Универзитет Скопје  е членка на Светската туристичка организација (UNWTO), што нѐ вбројува во друштво на најпознатите светски универзитети.  Универзитет Скопје  е универзитет кој нуди многу, постојано се надоградува и осовременува, а со тоа нашите студенти имаат можност да бидат во чекор со светските трендови“, велат од Караванот за промоција на условите за студирање.  

Преку ваквите промоции студентите на самото место можат да добијат детални информации за факултетите, велат од Универзитетот, а тоа директно влијае врз зголемување на бројот на запишани студенти од година во година. 

„Секој сака да види кај кого ќе учи, со што располагаме ние како Универзитет, сака директно да се информира за условите и за начинот на студирање. Често ни се случува да имаме директен контакт и со родителите на учениците, бидејќи на крајот на денот тие им се најголемата поддршка за секој иден нивни план“, вели м-р Љупчо Миленковски од Универзитетот „Скопје“.

За секој од шесте факултети на Универзитетот има подеднаков интерес за студирање, а една од новините е воведувањето на Факултетот за општествени науки. 

„Нашите студиски  програми на сите шест факултети се еднакво атрактивни. Програмите се така конципирани што секој може да си го најде своето место, но и да ужива во текот на студирањето. Тоа уживање би значело со задоволство да се учи и да се усовршува своето знаење, без многу тешкотии, бидејќи вистинското имплементирање на ЕКТС-системот, како што е кај нас, го нуди токму тоа. Учениците се најчесто заинтересирани за Факултетот за информатика и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, но подеднакво и за Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за туризам и за Економскиот факултет. Една од новините која ја воведуваме е Факултетот за општествени науки со насока меѓународни односи и дипломатија, кој ќе започне со работа од следната академска година“, информира доц. д-р Миленковска-Климоска. 

М-р Љупчо Миленковски на матурантите од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје им ги презентира предностите на меѓународно признатата диплома која студентите ја добиваат по дипломирање на УТМС.

М-р Љупчо Миленковски на матурантите од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје им ги презентира предностите на меѓународно признатата диплома која студентите ја добиваат по дипломирање на УТМС.

Големо влијание за зголемен интерес за упис на Универзитетот се токму меѓународно признатите дипломи со кои идните академски граѓани можат да работат за компании надвор од Македонија. 

„Секој сака да вложи во себе, но и да го валоризира својот труд со диплома која е меѓународно призната, како и да биде конкурентен на секој пазар каде и да се појави. За тоа колку е атрактивна нашата диплома зборуваат многуте примери на наши алумни-студенти кои работат за светски познати компании“, вели м-р Миленковски од Универзитетот „Скопје“.

Посебно внимание Универзитетот посветува на поврзување на студентите со бизнис-секторот со цел креирање квалитетен кадар кој ќе придонесе Македонија да стане подобро место за живеење.

„Како Универзитет особено му посветуваме внимание на овој сегмент бидејќи сметаме дека само поврзувањето на нашите студенти со бизнис-секторот и со меѓународната заедница може да придонесе тие да бидат атрактивни на меѓународниот пазар, но и да собираат информации и искуства за да ги применат во нашата татковина.  Нашата цел како Универзитет е токму таа – квалитетен кадар кој ќе придонесе Македонија да стане подобро место за живеење.  Организираме два пати месечно гостински предавања  на предавачи кои се истакнати во своите професии од бизнис-секторот, на амбасадори и конзули акредитирани во Македонија, но и на нашите дипломатски претставници кои се акредитирани надвор од Македонија“, вели доц. д-р Трајков. 

Image
Newsletter